ЕКО производиЖивот
Еко-пријателска стаклена куќа
Дизајнирана од архитектонската фирма „Коулсон” со седиште во Минесота, „Disappear Retreat” (Невидливо одморалиште) е куќа која се претопува во својата околина.
Иновативната стаклена куќа не само што пружа медитативни, погледи од 360-степени од околниот природен пејзаж, туку е направена и за да го минимизира „нашиот животен отпечаток на нула енергија, нула отпад, нула вода”. Архитектите откриваат: „Нашата страст кон животната средина не е само техничка, туку се протега до искуството на природата”.
Неверојатно компактна, оваа минималистичка структура од 83 квадратни метри е направена од рефлектирачки, стаклени, соларни панели, кои обезбедуваат приватност и исто така ја камуфлираат градбата меѓу дрвјата. Овој само-одржувачки дом не бара активни системи за греење или ладење (дури и во екстремни временски услови) благодарение на изолираните тројно стаклени ѕидови и пасивното сончево загревање од тенките фотоволтаици, интегрирани во јужната страна. Ѕидовите, исто така, имаат УВ рефлективен слој за заштита од судир на птици и животни. Дождовницата се собира од накривениот покрив, која потоа се филтрира, се третира и се складира во резервоар, спремна за консумирање.
Внатрешноста е дизајнирана со три различни минималистички распореди. Опциите вклучуваат: Основен модел, флексибилен отворен план за повеќенаменска употреба; Кревет + бања, со вградена софа и бања; и Сауна модел, кој има вградени дрвени клупи и грејач на сауна.
Можете да дознаете повеќе за „Disappear Retreat” на веб-страницата на „Coulson”.