Природа
Еко-зоната Зеленковац во БиХ е местото што ќе сакате да го посетите
Излетничкото место и еко-зона Зеленковац е сместено во срцето на борова шума, во селото Подрашница кое ѝ припаѓа на општината Мркоњиќ Град. Сместено на надморска височина од околу 880 метри, во 2002 година доби статус на еколошка зона. Неверојатната природа и пејзажот кој го одзема здивот го прават ова место идеално за викенд или подолг одмор.
Сместувањето е организирано во бунгалови, а храната којашто се нуди е автентична и домашна, типична за балканските простори. Секоја година, во Зеленковац се организираат бројни настани, вклучувајќи го и популарниот џез-фестивал.
Еко-зоната Зеленковац има бројни патеки за пешачење, трчање и рекреација, а во близина на излетничкото место има многу други интересни локалитети кои може да ги видите на еднодневна екскурзија како стариот град Јајце со водопадот, езерото Плива и катакомбите, кањонот Рафтинг клуб, Балканското езеро и уште многу други.
Ова место во Босна и Херцеговина е навистина неверојатно. Рај скриен длабоко во шумата каде што ќе најдете мир, тишина и зеленило.
Иако е прилично далеку од главниот град на Македонија, околу 800 километри, сепак, патот до некои места навистина вреди, нели?