ВестиСвет

Еко електрана ќе снабдува 160.000 домови со топла вода и 62.500 домови со електрична енергија

Електраната „Амагер Бакен“ во Копнехаген, Данска официјално ќе почне со работа годинава и ќе биде единствена во светот која ќе преработува 400.000 тони отпад годишно, за да снабдува 160.000 домови со топла вода и 62.500 домови со електрична енергија. Таа ќе произведува 25 отсто енергија повеќе, а ќе ја намали емисијата на јаглерод диоксид за 100.000 тони годишно.

Иако како гориво ќе користи отпад, емисијата ќе биде чиста, бидејќи електраната ќе има напредна технологија за филтрирање. Дури и отпадната прашина ќе се рециклира во материјал за патишта.

Оваа електрана ќе прави струја од ѓубре и ќе има скијачка патека на покривот.

Автор на електраната е  студиото „Бјарке Ингелс“. Кога тие пред шест години го претставија проект за електрана со скијачка патека на покривот, која ќе рециклира ѓубре и ќе го снабдува Копенхаген со електрична енергија и со топла вода, многумина помислија дека ова никогаш нема да се оствари.

„Копенхил“ денес чини околу 630 милиони долари, е речиси завршен и веќе ставен во функција. До крајот на годината, треба да бидат засадени уште 30 дрвја, а Копенхол треба да добие вештачка карпа за качување која ќе биде највисока на светот. Карпата ќе биде висока 86 метри и десет метри широка и скијачка патека која ќе биде долга 600 метри.

  • Кога го почнавме проектот, за нас беше важно да го имаме најдоброто. Тоа се однесуваше на знаењето во конструирањето и како да се води и контролира волку голем и важен проект. Ги избравме најдобрите инженери кои контактираа со набавувачите и го следеа процесот на изведување.
Тагови

Поврзани вести