ЗабаваНастани

Еко-борци се залепија за диносаурус во Виена

Изведбата во музејот во Виена треба да ги убеди властите да воведат ограничување на брзината од 100 км/ч на автопатите.

Двајца климатски активисти денеска се залепија на штандот за диносауруси во Природонаучниот музеј во австриската престолнина во знак на протест против владините политики за фосилни горива. Додека самиот скелет не претрпел никаква штета, акробацијата набрзо била прекината од полицијата.

Жените, кои се дел од климатското движење Letzte Generation (Последната генерација), ја организираа акцијата „пред остатоците на изумрените џинови“ за да ја повикаат владата на нацијата „да го запре исчезнувањето на човештвото“. За да се постигне оваа цел, тие предложија да се наметне ограничување на брзината од 100 км/ч на автопатиштата како „итна мерка“ за намалување на емисиите на јаглерод диоксид.

Една од активистите, 24-годишната Јелена Саф, инсистираше на тоа дека светот брзо се спушта во „климатски пекол“. Таа го опиша ограничувањето на брзината како прва едноставна мерка за да се спречи тоа што нема да чини ништо. „Ние не сме диносауруси. Имаме избор“, рече активистката.

Демонстрантите, исто така, истакнаа дека „како и секогаш, се трудиме да не оштетиме ништо вредно“, додавајќи дека затоа решиле да ги залепат рацете на штандот, а не на самиот скелет.

Локалните службеници за спроведување на законот користеле растворувач за да ги одлепат активистите од поставката. Полицијата соопшти дека ќе поднесе жалба за нарушување на јавниот ред и мир, додавајќи дека активистките се осомничени дека го оштетиле имотот на музејот.

Ограничувањето на брзината на автопатиштата во Австрија во моментов е 130 км/ч.

Инцидентот е последен во низата протести насочени кон музејските изложби во Европа и пошироко. Неодамна, активисти од кампањата наречена Stop Fossil Fuel Subsidies (Стоп за субвенциите за фосилни горива) ја вандализираа познатата „Супа од Кембел I“ на Енди Ворхол во австралиската Национална галерија во Канбера со цел да ги повикаат властите „веднаш да ги прекинат сите субвенции за индустријата за фосилни горива“.

 

Тагови

Поврзани вести