Македонија

Еко-акција на првиот пролетен ден

Првиот пролетен ден општина Босилово го започна со еколошка акција за собирање пластичен отпад. Секое домаќинство кое ќе собере 15 пластични шишиња добива една овошна садница по избор.

Целта на акцијата е да се намали количината на пластичен отпад, но истовремено и да се подигне свеста кај граѓаните дека пластиката има употребна вредност и треба да се селектира и депонира на места предвидени за тоа.

-Акцијата опфаќа посета на секој дом, од порта на порта и притоа се врши замена на овошни садници со пластични шишиња. На наше задоволство одзивот од страна на граѓаните е голем и ваквата акција ќе биде традиционална. Важно е исто така да напоменеме дека пролетната еколошка акција во општина Босилово ќе трае два месеци и ќе има голем број на други активности. Преку нив е планирано да се направи култивирање на депонии, чистење на диви депонии, организирано собирање на електронски отпад и дистрибуција на садови за отпад, вели Ристо Манчев, градоначалник на Општина Босилово.

Собраните шишиња од сите населени места во општина Босилово ќе бидат  предадени на организациите кои вршат откуп на пластика, а како замена ќе добијат садови за селектирање на пластичен отпад кои потоа ќе се постават на јавните површини низ општината.

Тагови

Поврзани вести