Македонија
Еко-акцијата „Генералка викенд – за чисто како дома исто“

Општина Ѓорче Петров првпат се вклучува во еколошката акција „Генералка викенд – за чисто како дома исто”, во организација на „Зелена сончева“, за подигнување на свеста кон третманот на отпадот и негова селекција.
Како што информираат од локалната самоуправа, во периодот од 6 до 9 мај, жителите на Ѓорче Петров ќе имаат можност да се вклучат во оваа акција, а за секои 10 килограми селектиран отпад од страна на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе биде донирано по едно дрво и одредена локација на која ќе се пошумува.