Македонија

Еко акции за разубавување на Дојран

Викендот жителите на Дојран го минаа во реализација на две еколошки акции за разубавување на градот во пресрет на годинашнава туристичка сезона.

Првата акција во која учествуваа деца од градинката „Кокиче“ и од основното училиште „Кочо Рацин“ се одржа на плоштадот под јаворите во центарот на Стар Дојран, со цел децата уште од најмала возраст да научат дека треба да живеат во склад со природата.

– Не вреди да се бараат материјалните богатства во животот додека не се откријат оние од природата. Убавината, топлината и восхитувањето кон животната средина треба да ни биде врвен приоритет за да ги научиме децата да ја сакаат и чуваат средината во која живеат, велат дојранчани.

Втората еко акција во Дојран се одржа вчера во организација на група граѓани кои темелно го исчистија просторот околу хотелот „Романтик“ и старата автобуска станица.

Тагови

Поврзани вести