Свет
Еко-активисти повторно замачкаа сликата, сега на познатиот импресионист
Што вреди повеќе, уметноста или животот? Сè повеќе луѓе одбиваат да прифатат уништување и загрозување на човечки суштества, одбиваат да го прифатат животот во молк“, напишаа на својот Твитер профил групата активисти одговорни за инцидентот.
Двајца еко-активисти во германскиот музеј во Потсдам фрлија пире од компири врз слика на Клод Моне што беше продадена на аукција во 2019 година за 110 милиони долари, пренесува Мондо.
“Тие влегле во музејот облечени во портокалови флуоресцентни елеци и фрлале од пирето, а потоа клекнале под сликата за да се фотографираат” пишуваат светските медиуми за ова режирана претстава т.н. перформанс.