Свет

Еко-активистите во Германија побараа ограничување на брзината на автопатот

По покривањето на сликањето на Моне со пире и организирањето блокади на патиштата, екоактивистите во Германија не планираат да ги прекинат своите акции, а во иднина не исклучуваат блокирање и на аеродроми.

Во Холандија, на крајот на минатата недела, аеродромот во Амстердам веќе беше делумно блокиран од тамошните еколошки активисти и нивните постапки доведоа до хаос

Продолжуваат акциите и во Германија. Активистите се заканија дека со протести ќе влијаат на секторите кои играат улога во климатските промени.

Сепак, нивните постапки отворија дискусии во германското општество. Тие дури доведоа до тензии меѓу политичарите дали треба да се заостри кривичното законодавство.

Расправијата се засилила откако бил прегазен велосипедист и доцнела брзата помош поради блокада од еколозите, а жената подоцна починала во болница.

Последните акции на демонстрантите се од Берлин и Минхен. Таму повторно го прекинаа сообраќајот, а дискусиите за заострување на казните не ги плашат екоактивистите.Меѓу главните барања на демонстрантите се воведување ограничување на брзината на германските автопати и постојан билет од 9 евра за патување во земјата.

Тагови

Поврзани вести