Македонија

Еколошка акција во Пештани и Елшани

Еколошката акција за чистење на патеките околу Пештани и Елшани спроведоа членовите на АК Охрид ТрчаТ и организатори на „PeshtaniExtremeVertical“.

Со цел да се поттикне месното население и сите љубители на природата правилно да се грижат за истата, спроведена беше еколошка иницијатива за чистење на дел од тркачката патека и околината на Пештани и Елшани. Иницијативата резултираше со четиринаесет вреќи тешко-разградлив отпад, информираат од АК Охрид ТрчаТ.

Додаваат дека за транспорт на отпадот до соодветната локација се погрижило здружението  ЕКО – ФАП.

Тагови

Поврзани вести