Македонија
Еколозите реагираат на новиот Закон за просторно и урбанистичко планирање
Новиот Закон просторно и урбанистичко планирање повтроно ја заборави екологијата. Освен ова, ако се прекрши овој Закон ќе се плаќаат помали казни од сегашните. Ова се лошите новини на кои предупредуваат екологистите. Според невладината „Иницијатива О2“ новиот Закон не нуди решенија за постојниот урбанистички хаос. Воопшто не се спомнува „Стратегиска оцена за влијание врз животната средина“ и затоа ја прашуваат Владата:
ИНИЦИЈАТИВА О2:
Дали е таа намерно заборавена за да може да „се реши“ проблемот со мораториумот и укинатите ДУП-ови, односно за да може да се продолжи со градење во атрактивните општини Центар и Карпош.
Од Владата пак, со пофалби за новиот Закон. Сите урбанистички планови кои што ќе се носат во иднина ќе мора да поминат на процес на стручна јавна расправа. За оние кои се од приоритетна важност ќе се дебатира и до три месеци. Предност при уредување на урбанистичките површини ќе има зеленилото, а како придобивка наведоа и дека ќе се намалеле казните за прекршување на Законот.
Министерство за транспорт и врски:
Основна цел на Законот е да се упростат постапките при донесување на урбанистички планови и да се воспостви висока инклузивност и стручност во процесот на изработка на плановите“.
Предлогот законот иако е готов и е доставен до Владата, се уште не донесен. А, градежниците пак со нетрпение го очекуваат. Очекуваат дека проблемите кај ДУП – овите кои што доведоа до стопирање и мониториум на изградбата во неколку општини ќе станат минато.
„Со носење на самиот Закон за просторно и урбанистичко планирање ќе се овозможи проблемите кои што ги имаме во делот на укинување на ДУП-ови, мораториум и одредени пропусти кои што се настанати. Со носење на новиот Закон ќе има можност настанати пропусти да можат полесно да останат да не се носат нови ДУП-ови. Со тоа би заштедиле финансии и самите носители на ДУП-ови кј што се општините и градовите, а ние како бизнис сектор побрзо би доаѓале до нови одобренија“, рече Ивица Јакомовски, Градежна комора, ССК.
Невладината Иницијатива О2 пак вели дека Законот исклучиво е за задоволување на апетитите на градежниот сектор што се гледа од „иновацијата“ според која, ако некој урбанистички план или дел од него е укинат од надлежен орган, веднаш да се започне со изработка на нов план или дел од план, но притоа претходниот урбанистички план или негов дел да биде на сила до донесувањето на новиот ДУП.
Инаку, во рок од 10 години од 2006 до 2016 биле направени 13 измени на Законот за просторно и урбанистичко планирање и секогаш тие промени оделе во прилог на инвеститорите, обвинуваат екологистите.