Свет

Екологистите нападнаа рудник во Германија

Околу 500 еко-активисти го нападнаа рудникот Гарцвејлер во западниот германски град Норајрат.

Екологистите сакаат рудникот да  запре со работа. Тие се противат на работата на ТЕ, бидејќи горењето на јагленот е еден од најштетните извори на енергија.

Рудникот е еден од најголемите во светот , објави ББС. Како резултат на нападот на екологистите , работата беше прекината.

Претставници на некои од најголемите организации за заштита на природата, како што е Гринпис, учествуваа во нападот.

Според податоците на полицијата во Германија, протестот е нерегулиран – агенциите за спроведување на законот не знаеле и не дадоа дозвола да спроведат такво нешто.

Рудникот е многу голем. Ова ја комплицира работата на властите. Имаше, исто така и  повредени полицајци, кои беа просто изгазени од толпата.

Операторот на рудникот е на мислење дека активностите на еколозите се исклучително опасни и неприфатливи.

Потсетуваме  дека Германија најви дека сака да престане со рударството до 2050 година. Сепак, според активистите, ова трае премногу долго.

Тагови

Поврзани вести