Македонија

Екологистите добивале закани за Југохром

Движењето „Еко герила“ од Тетово обвинува дека деновиве добивале закани и финансиски понуди со цел повеќе да не реагираат околу евентуалното стартување на „Југохром“ без да бидат доградени филтрите за пречистување на воздухот.

-Валканите игри со мафијашки тенденции не само што нема да нè спречат туку напротив, само нè мотивираат да не се откажуваме од нашата мисија. Граѓанската реакција ќе биде многу остра за секоја уцена од ‘Југохром’ или од одредени кругови во Владата. „Без веродостојна меѓународна гаранција нема да се прифати никаква манипулација од страна на сопствениците, без разлика дали е и во соработка со вицепремиерот Анѓушев. Затоа сметаме дека е тенденциозно и опасно неговото инсистирање на реотворањето на ‘Југохром’ паралелно со воспоставувањето филтри, а не по завршувањето на нивното распоредување и како што е предвидено со законот – велат од Еко герила.

 

Тагови

Поврзани вести