Македонија

Екологистите бараат државата да управува со плажите

Државата да го тргне настрана селективниот пристап и да ги превземе ингеренциите над плажите не само на Охридско, туку и на двете други природни езера-порачуваат природоначниците и екологистите. Ова свое барање го темелат на фактот што на сите плажи наместо да се направат објекти од времен карактер,се изградија велат цели угостителски објекти со огромни габарити. Надлежните не реагираа, наместо веднаш да им ги прекинат договорите и да им ги одземат плажите, тие дозволија концесионерите да аздисуваат приграбувајќи дел од крајбрежјето.

Додаваат и дека одземањето на ингеренциите ќе има ефект само доколку се стави ред во искористувањето на плажите и се донесе закон со кој ќе се заштити крајбрежјето.

-Мислам дека не само Охрид, дека сите плажи во Македонија и на Преспанско и на Дојранско езеро треба министерството за траспорт и врски да си ги превземе во нивна надлежност. Да управува можеби како што во некои други држави управува јавно претпијатие со плажите, така да се поставуваат и услови за искористување на плажите. Не може на плажа која што е во оние 50 метри според законот на води кои припаѓаат на водниот тек на реката или на езерото секој да прави се што сака, изјави Трајче Талески, Охрид СОС.

Кога ќе се донесе закон кој ќе помине во Парламент, тогаш државата ги зела ингеренциите под свое, сега ние имаме најави, ама немаме закон-вели в.д. градоначалникот на Охрид.

-Треба добро тоа да се осмисли и добро да се знаат правилата на игра,затоа што сега ние со плажите сме заглавени во правни лавиринти. Некој таму стопанисува на имот кој што не е негов, период назад е плаќа кирија а целата таа постапка е по судови,
вели Константин Георгиески-в.д. градоначалник на Охрид

Концесионерите пак не сакаат да зборуваат пред камера, велат дека 12 години и на централната и на локалната власт најважно им било да им ги земат парите. Тие чекаат да видат што предвидува законот согласно кој државата ќе ги земе плажите, а треба да стапи на сила идниот месец.

Тагови

Поврзани вести