Природа

Езера и реки бомбардирани со риби од авион

Американската сојузна држава Јута е дом на пет национални паркови и природа која важи за една од последните американски дивини. Риболовот е една од главните разоноди на локалните жители, но и на туристите. Тоа што е интересно е начинот на кој шумарите и ренџерите го збогатуваат рибниот фонд на езерата и реките во државата.

Необичниот начин се изведува од авион при што фрлаат млади пастрмки, метод кој не е стресен за рибите, 95% од нив го преживуваат падот. Со оваа метода се обновуваат над 200 езера. Претходно процесот бил тешок, но сега работата се извршува од авион.

Постојат околу десет видови пастрмки кои се пуштаат во различен период од годината.

Рибата се одгледува во рибници од страна на биолози, а потоа ренџерите и шумарите ја префрлаат во реките и езерата во вид на бомбардирање од авион.

Тагови

Поврзани вести