ВестиМакедонија

„Едно капаче – една надеж“

Кога би се отстраниле 300 илјади пластични капачиња од депониите, тоа само по себе би било огромна придобивка и чекор напред кон зачувување на животната средина. Но, тие капачиња имаат уште една конкретна намена, видлив и опиплив успех, помош добредојдена за тие што имаат потреба. Главната цел на хуманитарно-еколошката акција „Едно капаче – една надеж“, која почна во 2013 година беше да се соберат што е можно повеќе пластични капачиња. Капачињата се испраќаа во Турција, каде што се рециклираат, а за количина од собрани 300 илјади капачиња од шишиња се добива една инвалидска количка. Таа се донира на семејство што има потреба, а нема финансиска можност самостојно да си ја обезбеди.

Проектот „Едно капаче – една надеж“ почна во 2013 година од Македонска медицинска студентска асоцијација (ММСА), преку тогашниот национален офицер за човекови права и мир. Идејниот проект е земен од „Грин клаб“, турска организација со која беше склучен договор за соработка. Беа подарени четири инвалидски колички.

Министерството за животна средина и просторно планирање соопшти дека ќе ја дореализира големата хуманитарно-еколошка акција „Едно капаче-една надеж” која сега го носи името „Едно капаче – една надеж плус“ со поддршка од Пакомак, компанија за управување со пакување и отпад од пакување и СНС Ре-пласт, компанија за рециклирање, која ги презема и ги рециклира капачињата.

За сметка на собраните капачиња ќе бидат донирани инвалидски колички на Здружението на лица со параплегија и квадриплегија „Без ограничувања“.

 

Тагови

Поврзани вести