ЕкономијаМакедонија

Една банка за 3 месеци = 7 најголеми ланци маркети за 1 година: Кој ја контролира вистинската моќ?

Една Банка за три месеци има профит колку што прават вкупно 7-те најголеми ланци маркети за цела година

Во последните години, најголемите банки со гордост објавуваат финансиски извештаи и ПР текстови во кои истакнуваат дека само за едно тромесечје успеваат да остварат профити и од триесетина милиони евра. Секој од нас треба да се запраша – кои се вистинските ограбувачи на народот, стопанството и државата?

Ако се земе предвид дека седумте најголеми ланци на маркети во земјата за цела година заедно оствариле профит од 35 милиони евра, тогаш можеме да направиме споредба и сами да процениме каде се концентрира вистинската добивка.

Она што е особено загрижувачко е што маркетите може да се бојкотираат, но банките не. Зошто? Затоа што тие имаат законска моќ без наша дозвола да повлекуваат пари од нашите сметки – без налог, без одобрение и без пардон. Клиентите се изложени на постојан притисок преку разни банкарски давачки, провизии и необјасниви трошоци.

Толку се осилени што дури и при подигнување готовина од шалтер си дозволуваат да наплатат процент, како да се партнери со граѓаните. Државата, преку законските регулативи, беспрекорно ги штити банките и капиталистичкиот систем, создавајќи ситуација во која секој граѓанин е ОБВРЗАН да има банкарска сметка. Тоа значи дека секој е принуден да им плаќа на банките, без можност да избере поинаков начин за управување со своите финансии.

Банката која надминува 7-те најголеми маркети: Што стои зад овој економски феномен?

Според најновите економски податоци, една банка успеала да генерира профит за три месеци кој е еднаков на вкупниот годишен профит на седумте најголеми ланци маркети во земјата. Овој податок не само што ја нагласува доминацијата на банкарскиот сектор, туку и поставува прашања за економските модели и распределбата на богатството.

Што стои зад овој успех?

  1. Високата профитабилност на финансиските услуги:
    Банките профитираат од каматните стапки, провизии и економските активности. Во услови на економски раст или стабилност, нивните приходи растат експоненцијално.
  2. Концентрација на капитал:
    Додека маркетите работат со ниски профитни маржи и зависат од голем обем на продажба, банките работат со економски инструменти кои генерираат поголема вредност со помалку ресурси.
  3. Дигитализација и автоматизација:
    Банките се меѓу првите кои го искористија технологија, што ги намали оперативните трошоци и ги зголеми приходите.

Убиство за економијата?

Овој феномен ја открива јазот меѓу финансискиот сектор и реалната економија. Додека банките бележат рекордни профити, економските активности како трговијата на мало, која е клучна за секојдневниот живот на граѓаните, остануваат со скромни маржи.

Оваа диспаритетност може да има долгорочни последици, вклучувајќи економски нееднаквости и потреба од реформи во даночните системи и регулативите или пак целосна контрола на Банките на системите и државите и воведување на ново робовладетелско општество.

Тагови

Поврзани вести