Живот

Единствена глетка: Раѓање на бел кит – бебе тешко 174 килограми/ВИДЕО

Природното живеалиште на белите китови е Северниот леден океан и околните студени мориња, но еден примерок на 20-годишна женка наречена Whisper, се наоѓа во аквариумит во Атланта.

Таа деновиве на свет донесе здраво младунче, кое е родено со 174 килограми и должина од 165 сантиметри.

Белите китови обично имаат животен век од 30 години, а посебни сè по тоа што испуштаат 11 различни звуци, можат да ја вртат главата, да пливаат наназад, но, и да имаат од осум до 10 заби, па својот плен секогаш го голтаат цел.

Носењето на младунчињата кај белите китови трае од 15 до 16 месеци, а новороденчето и 20-годишната мајка кит, се одвојуваат од останатите.

Тагови

Поврзани вести