Вести

Европската комисија утре почнува програма за проучување на мутациите во новиот коронавирус

Луѓето со прележан Ковид-19 имаат 91 процент помал ризик од инфекција во следните седум месеци, покажува една австриска медицинска студија.

Нивото на имунитет е за 4 проценти пониско споредено со имунитетот кој што го дава вакцината на Фајзер. Според студијата во Австрија тоа значи дека претходна инфекција со коронавирус создава создава заштита како и вакцинираните лица. Истражувањето било спроведено од февруари до април на луѓе заразени од првиот бран на инфекција и во споредба со остатокот од населението во Австрија, имале значително посилна отпорност на инфекции.

Во меѓувреме австриската влада ја продолжи епидемиолошката мерка за затворање на угостителски објекти, хотелите и културните институции до „околу велигден”. Австрискиот канцелар Себастијан Курц рече дека иако епидемиолошката состојба е стабилна по олабавувањето на мерките, алармот останува вклучен поради ширењето на британската мутација. Тој рече дека на први март експертите повторно ќе ја анализираат состојбата со пандемијата и предупреди дека „ако сите не бидеме внимателни и не ги почитуваме мерките, наскоро повторно ќе бидеме во ситуација на експоненцијален раст“.

Европската унија пак од утре најави ново поглавје во борбата против Ковид-19. Од среда Европската комисија ќе започне програма за проучување на мутациите на Ковид-19. Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен ја отрки програмата наречена „инкубатор Хера“, чија цел е да се бори против идните пандемии и подобра координација помеѓу лабораториите, со контролирано споделување на лиценците, но и да ги обедини здравствените власти и научниците на европско ниво.

Во Окленд Нов Зеланд од денеска е на сила нов тридневен карантин, по одлука на премиерката Џасинда Ардерн, 1,6 милиони жители ќе имаат забрана за непотребни движења, до полноќ во среда. Одлуката падна откако тестовите на едно тричлено семејство открија присуство на британскиот сој на коронавирус.

Ова е втор построг Карантинот кој во Окленд е воведен по минатогодишниот строг 51 дневен карантин, кој беше воведен на национално ниво за да се спречи ширењето на вирусот.

Тагови

Поврзани вести