Свет

Дунав во последните два века се скратил 134 километри

Меѓународната студија на речните седименти исто така покажала дека Дунав станал и потесен и до 40 отсто од средината на 19 век, соопшти Баварската канцеларија за заштита на животната средина.

Извештајот вели дека промените се предизвикани од интервенции за рамнење на речниот тек, но и од мерките за заштита од поплави и градењето брани.

Поради овие човечки интервенции седиментот повеќе не можел да минува низ Дунав до Црното Море. Наместо тоа, се таложел на бреговите на реката трајно менувајќи го нејзиниот облик.

Со своите 2.850 километри, Дунав е втората најдолга река во Европа, по руска Волга.

Тагови

Поврзани вести