Македонија
Ќе добие ли Дрисла нов концесионер?
Германската фирма „Шолц“ е оценета со најмногу бодови од петтчлената комисија во рамки на град Скопје да биде концесионер на депонијата „Дрисла“. Градоначалникот Шилегов за тв 24 потврди дека комисијата веќе дала препорака до советото на град Скопје да ја разгледаат понудата на комисијата.
Но, Шилегов потенцира дека крајниот збор ќе го даде советот за што е и закажана седница за наредната недела кога и ќе се знае официјално кој е новиот концесионер. Во моментов „Срисла“ е под концесијата на италијанската фирма „Фцл Амбиенте“, поради што и германски „Шолц“ со години водеше судски процеси поради нерегуларности во тендерската постапка.