ЕКО производи
Повторно драстично поскапување на дизелот од полноќ

Според денешната одлука на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги, дизелот повторно драстично поскапува.
Од ноќеска на полноќ дизел горивото поскапува за 3 денари и ќе изнесува101,5 денари по литар, додека бензините поскапуваат 0,5 денари.
Ова е првпат дизелот да биде поскап од бензинот за 12 денари по литар. Знаеме дека дизелот е основно средство за работа т.с. транспорт и е клучна ставка во секоја компанија и претпријатие и дека ова драстично поскапување со одлука на власта директно ќе удри по џебот на сите македонци, очигледно е веќе дека тоа е и тенденцијата