Живот
До 20 тони храна годишно се произведува во најголемата органска градина на покрив во Азија
Органското урбано земјоделство, обновливите извори на енергија и прекрасното уредување се споени во едно на градината на покривот на Универзитетот „Тамасат“, која се протега на 22.000 квадратни метри.
Фирмата за пејзажи и урбан дизајн „Ландпроцес“ во Бангкок ја дизајнирала органската градина како одговор на големата урбанизација на главниот град на Тајланд и зголемената грижа за недостиг на храна и вода во услови на климатска криза. Опремен со соларни панели што произведуваат до 500.000 вати на час и системи за собирање дождовница за наводнување, универзитетот одгледува повеќе од 40 вида култури, вклучувајќи ориз, автохтон зеленчук, овошје и др.
– Лекциите за тајландското земјоделство, пејзажот и природната почва се вметнати во зелениот покрив, едуцирајќи ги идните лидери да се приспособат и да ги прифатат климатските предизвици преку градење одржливи градови за наредните генерации – велат од универзитетот.