Здравје

Доколку сте под стрес и не можете да заспиете, овие пијалоци ќе ви помогнат

Деновите стануваат подолги, дневните рутини ни одземаат се повеќе и повеќе време, и станува речиси невозможно да се избегнат канџите на вознемиреност. Ако не можете да заспиете навечер и да се опуштите има природни пијалоци кои можат да ви помогнат да заспиете.

Топло млеко

Топлото млеко е едно од најдобрите решенија за длабок и удобен сон. Содржи триптофан, со што се зголемуваат нивоата на серотонин во мозокот, супстанција која ни дава чувство на среќа. Под овие услови, хормонот мелатонин се произведува во поголеми количини, што е многу важно затоа што го стимулира спиењето кај оние кои страдаат од хронична несоница.

Сок од вишња

Сокот од вишња, како и млекото, содржи триптофан и со тоа се произведува хормонот мелатонин, со што се подобрува квалитетот на спиењето.

Кокосово млеко

Кокосовото млеко содржи магнезиум и калиум, два минерали кои ги релаксираат мускулите и обезбедуваат добар сон. Покрај тоа, кокосовото млеко го намалува крвниот притисок и отокот на бубрезите. Благодарение на големата количина природни електролити, ова млеко му помага на телото да најде баланс и да се релаксира.

Зелен чај

Овој чај е полн со антиоксиданти, па можете да го пиете во текот на целиот ден. Сепак, кога станува збор за спиење, зелен чај без кофеин е најдобрата опција. Содржи тананин, што го опушта и го намалува физичкиот стрес, со што ви се обезбедува долг ноќен сон.

Чај од камилица

Чајот од камилица има релаксирачки ефект врз телото. Обично се препорачува за болки во стомакот, бидејќи може да помогне во варењето на храната и да ја намали напнатоста во организмот. Докажано е дека камилицата ги намалува симптомите на стрес, како што се несоница и вознемиреност.

Тагови

Поврзани вести