Забава

Докажан начин за продолжување на животот: возете велосипед половина час на ден

Покрај тоа што е добро за зачувување на животната средина, поради намалувањето на емисиите на јаглерод диоксид, редовното возење велосипед ги подобрува изгледите за подолг животен век.

Ова е одлична вест за сите оние на кои им е тешко да воспостават рутина за вежбање, а веројатно веќе долго време знаете дека возењето автомобил честопати доведува до вишок килограми.

Половина час на ден за долг живот

Пред 10 години беше спроведено истражување за животните навики во Тајван, во кое учествуваа 400.000 луѓе. Тоа е процес кој траеше цели 8 години, а резултатите покажаа дека 15 минути возење велосипед на дневна основа е доволно за да се продолжи животниот век за 3 години.

Интересно е што испитаниците не се покажаа како одлични спортисти, туку напротив, тие ја препознаа важноста на умерена, но редовна рекреација.

Друга студија, овој пат во Норвешка, даде сличен пресек на ситуацијата.

Со анализа на добиениот примерок, истражувачите забележале дека мажите на возраст од 70 до 80 години, кои поминуваат половина час на ден возејќи велосипед или вежбајќи, живеат подолго во просек од 5 години.

 Потврда за оваа теза доаѓа од пракса, каде што луѓето кои редовно возат велосипед, или барем вежбаат, покажале подобар сон, во споредба со другите кои водат претежно седентарен начин на живот. Бројот од 8.000 учесници во студијата е сосема доволен за да се донесе валиден заклучок.

Ако сето ова не е доволна причина да размислите во оваа насока, можеби ќе бидете во искушение од зголеменото лачење на ендорфин, што не само што го подобрува расположението, туку и го спречува стресот.

Тагови

Поврзани вести