Македонија
Доживотен затвор за екоцид -убивање на животната средина, се користи ли екологијата за терор врз населението?
Злосторствата против природата ќе станат дел од македонскиот правен систем, а казните ќе бидат драконски. Ова е предвидено со новиот Кривичен законик објавен на ЕНЕР со кој, секоја сериозна, широкораспространета и долготрајна штета на животната средина ќе третира како кривично дело „екоцид“ и ќе се казнува со најмала казна од 10 години затвор, и најголема – доживотен затвор.
Дали екологијата и заштитата на животната средина стануваат алатка и средство на моќните елити за манипулација, заплашување и терор врз населението. Дали македонската влада е заморче за тестирање на законот, а македонците тест за тортура преку закон кој тешко се докажува, а најголемите виновници ќе бидат изземени ид истиот.
ЗЛОСТОРСТВА ПРОТИВ ПРИРОДАТА ќе станат дел од македонскиот правен систем, а казните ќе бидат драконски. Ова е предвидено со новиот Кривичен законик објавен на ЕНЕР со кој, секоја сериозна, ширикораспространета и долготрајна штета на животната средина ќе третира како кривично дело „екоцид“ и ќе се казнува со најмала казна од 10 години затвор, и најголема – доживотен затвор.
Предлагач на новиот Кривичен законик е Министерството за правда и целта е да се упрости откривањето и казнувањето што го направил загадувач на воздухот, водата и почвата. Притоа, доволно ќе биде да се утврди дека загадувачот „загадил повеќе од дозволеното“ и според пропишаните казнени одредби да му се изрече соодветната казна.
Така, на пример, ако загадувањето што е направено на воздухот, водата или почвата или, пак, е направено јонизирачко зрачење повеќе од двојно од максимално дозволеното со закон, казната е од една до три години. Ако загадувањето е петкратно или поголемо од максимално дозволеното, казната е од една до пет години.
– Службено или одговорно лице во компанија, фабрика, кое со непридржување кон прописите за заштита на животната средина, ќе пропушти да постави уреди за пречистување или ќе дозволи изградба, пуштање во дејство или користење на погон кој ја загадува животната средина или на друг начин ќе пропушти преземање мерки за спречување или оневозможување на загадување на воздух, почва, вода или за спречување бучава, кои двојно ја надминуваат дозволената граница, ќе се казни со казна затвор од една до пет години – се предвидува во новиот Казнен законик.
Предвидено е: Казни да има и за службено или одговорно лице во фабрика, кое ќе оди во затвор од четири до десет години, ако предизвика сериозна опасност за животот и здравјето на луѓето и уништи во поголем размер животински или растителен свет. За пуштање во атмосферата на недозволиви супстанции кои ја оштетуваат озонската обвивка, казната е парична или затворска од три до пет години. Доколку тоа е сторено од небрежност, казните со парични или затвор до една година.
До крајот на годинава законското решение треба да биде готово и доставено до Владата. Лани Државниот инспекторат за животна средина открил дека повеќе од 200 фирми со нивното работење ја загадиле животната средина.
Екоцид во буквален превод значи „убивање на животната средина“, а идејата да се направи правна платформа за негово поставување вон законите го иницираше организацијата Stop ecocide. Во основа замислата е едноставна – никој не треба да остане неказнет поради уништувањето на природниот свет.
Се спроведуваат ли предвидувањата дека екологијата ќе се користи како ново средство за диктатура, тортура и тотална контрола врз човекот, доколку се носат вакви закони, а сите знаеме како тие се спроведуваат на дело само и еднствено важат за тие кои се најмалку виновни тогаш можеме да претпоставиме што ќе се случува во идниа. Слободата и природата ќе победат!