Македонија
Дожд во пониските и снег на повисоките места во Македонија
До утрово до 7 часот, најмногу должд на м2 наврна во Пожаране 25 л/м2, 19 Гевгелија, 18 Крушево, 13 Тетово, Претор, Битола, 11 Дебар, 7 Прилеп, 4 Охрид, 3 Дојран, 2 Струмица, 1 Демир Капија.
Утрово најниската минимална од 2 степени во Лазарополе, 4 Маврови Анови, Крушево, 5 Претор, 6 Крива Паланка, Охрид, 7 Тетово, Прилеп, Берово, Дебар, 8 Битола, 9 Гевгелија, 10 Скопје, Куманово, Штип, Струмица, Дојран, 11 Демир Капија, Виница.
Во текот на ноќта облачно со врнежи од дожд, поинтензивни во северозададните и јужните делови од земјава. Дуваше умерен, повремено засилен југоисточен ветер.
Времето денеска облачно со врнежи од дожд. Врнежите ќе бидат пообилни (над 35л/м2), на места поројни, проследени со засилен ветер од југоисточен правец. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Кон крајот на денот врнежите ќе престануваат. Максималната температура ќе биде во интервал од 9 до 14 степени.