ЕкономијаМакедонија

Доделени наградите и сертификатите за „Поттикнување на принципите за бизнис и човекови права“(ВИДЕО)

Корпоративно управуваните компании, акционерските друштва и големите компании мора да си дозволат постојано унапредување на практиките на почитување на работничките/човековите права

Денес во Меморијалниот центар на холокаустот на евреите се одржа “Денот на одговорни бизниси” во присуство на истакнати претставници на бизнис заедницата и други релевантни чинители од Македонија.

Основната порака и цел на настанот е подигање на ефикасноста на компаниите,грижа за среќата на вработените како и поддршка за напредок на талентираните жени.

Признанијата се доделуваат во рамки на проектот „Поттикнување на принципите за бизнис и човекови права“ финансиран од Европската Унија, а спроведуван од Конект во партнерство со Бизнис Конфедерација и во соработка со „Мрежата на Глобалниот договор на ОН во Македонија”.

Во овогодинешноте издание добитник на сертификат за „Поттикнување на принципите за бизнис и човекови права“ во организација на МАМФОРС е компанијата Лион која го произведува брендот ЛЕОНА, а истата ја прими извршниот директор и сопственик на компанијата Ристе Ристевски кој ја истакна заложбата на ЛЕОНА за беспрекорна грижа кон своите вработени.

 

 

 

 

 

 

Тагови

Поврзани вести