Македонија
Доброволно противпожарно друштво од Кочани чека донација во опрема
Пожарот лани на Илинден во Кочани, во кој беа зафатени и неколку куќи, а огнените јазици брзо влегуваа во дворовите на многу семејства натера 50 тина граѓани да го формираат доброволното противпожарно друштво. Претседателот Златко Илиев вели дека оттогаш заедно со професионалните пожарникари се на терен. Но, за да функционираат и во вистинска смисла да им се од помош на пожарникарите и на општината им недостасува опрема и возило, бараат донатори или да се направи акција за собирање на средства за возило.

Најмладото доброволно противпожарно друштво во земјава во моментов чека донација во опрема, има единица за брзи интервенции, а пополека го опремува и објектот. Овие доброволци го надополнуваат недостатокот од професионални пожарникари.
Триесетина дена заедно со професионалните пожарникари се на терен во кочанско поле. Запалените стрништа во опасност ги доведуваат селата, но и пречистителната станица за отпадни води. Само во февруари имале дваесеттина заеднички интервенции.
Од колкаво значење се волонтерите пожарникари ни покажаа Австрија и Словенија, кои на големите шумски пожари со најмодерна опрема и возила на помош ни ги испрати нивните доброволци.
Во моментов во Македонија има 12 тина доброволни противпожарни друштва, најстарото е во Свети Николе формирано 1935 година, кое освен што помага на професионалците, на речиси сите Противпожарни друштва имаат обезбедено и возила и опрема.