Економија

Дизелот кој е основен енергенс за работа стана најскапо гориво во Македонија

Регулаторната комисија за енергетика вчера повторно донесе одлука со која цената на дизел горивото поскапува сега за неверојатни три денари.

Веќе од денес на бензиските пумпи, дизелот се продава по повисока цена, а дизел горивото е и основен енергенс за транспорт, особено на храна и секое негово поспакување повлекува низа поскапувања.

Насилно инсталираната и поставената власт во Македонија како послушен вазал секако дека нема да се обиде да набави енергенси по пониска цена и со тоа директно да им помогне на македонците и на компаниите да ја ублажат оваа криза, а камоли да ја анулира.

Останува нејасно и контрадикторно како е можно дизел горивото да е поскапо од бензините за чие произвотство е потребно повеќе средства и време? За немањето логика и причина за поскапување освен за полнење на буџетот веќе е излишно да се говори и коментира, виновникот за поскапување неможе да се сокрие под превезот на смешни оправдувања.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Мазутот М-1 НС, не се менуваат. За три денари поскапе и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1).

Ова се актуелните цени на горивата:

– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 89,00 (денари/литар)
– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 91,50 (денари/литар)
– Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 96,50 (денари/литар)
– Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 93,00 (денари/литар)
– Мазут М-1 НС – 51,686 (денари/килограм)

Цените на нафтата стабилни

Цените на нафтата на меѓународните пазари во средата се стабилизираа над 100 долари, балансирајќи меѓу произведувачите дека на пазарот би можеле да испорачуваат помалку барели и очекуваниот фокус на централните банки за зауздување на инфлацијата, што би ја закочила економијата.

На лондонскиот пазар цената на барелот со рокови со испораки во октомври била речиси непроменета во однос на затворањето на тргувањето во вторникот и изнесуваше 100,32 долари. Значителни промени немаше ниту на американскиот пазар каде што со барелот се тргуваше по 93,90 долари.

Во одвоениот извештај Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC) денеска објави дека барелот кошница референта нафта не нејзините членки во вторникот чинел 101,93 долари, што значи дека поскапел за 3,21 долар.

Тагови

Поврзани вести