Македонија

Дивна Пенчиќ, професор на Архитектура: Скопје е град кој е во функција на автомобилите и инвеститорите

За главниот град на Македонија може да се каже дека не постои квалитет на живот. Скопје е град за инвеститори, шпекуланти, автомобили, но не и за луѓето кои живеат во него. Квалитетот на живот од аспект на урбанистичкото планирање е на многу ниско ниво. Постојат мерки кои може да се спроведат и тие се толку едноставни, што е речиси за неверување, смета професорката Дивна Пенчиќ, од Архитектонскиот факултет во Скопје.
Како што одминува времето сфаќаме дека од главниот град на државата направивме град кој е во функција на автомобилите и на инвеститорите. Затоа се поставува прашањето како од Скопје да се направи град за луѓето.
Во поранешна Југославија Скоје беше најзелен град, бидејќи по големата природна катастрофа имаше шанса да почне од нула. Денес, во главниот град се гради на секој чекор.
Со години се говори за урбанистички хаос, и се потенцираат најкритичните точки. Денес, цело Скопје е критично од аспект на урбанистичкиот хаос, смета професорката Пенчиќ.
Воспоставување на зелени коридори со цел амортизирање на сите загадувања кои се произедуваат и при градба и при користење на објектите, како и при движење на автомобилите се едни од мерките кои може да се применат во намалувањето на аерозагадувањето. Лек има, потребна е силна политичка волја.

Тагови

Поврзани вести