Македонија
Дивата страна на Преспа – дискусија во Ресен за заштитата на биодиверзитетот во регионот

Преспа е една од најжешките европски точки за биодиверзитетот
Токму затоа, МЕД-Ресен во соработка со Општина Ресен организираат куса интерактивна презентација во просториите на општината, каде ќе бидат дискутирани вредностите на регионот, потребата за нивно проучување и заштита.
Настанот е закажан за среда (27 февруари) од 12 до 13:30 часот во општинската зграда на Ресен.