Живот
Дејв Новак го проучувал влијанието на дрвјата: “Многу е важно каде ги садиме”

Светската здравствена организација наведува дека загадениот воздух е поврзан со 3 милиони смртни случаи во светот, и со тоа претставува многу голем ризик за здравјето и животната средина, пишува nationalgeographic.
Дејв Новак од Шумската служба во САД со години го проучувал влијанието на дрвјата, и дошол до заклучоци.
Во градските средини имало подобрување за повеќе од 1% кај загадениот воздух. Секако овој процент зависи од загадувачите, а максимумот може да биде 15%. Но, намалувањето на загадувањето има бенефити за здравјето на луѓето.
Новак открил дека дрвјата во САД отстраниле 17,4 милиони тони загаден воздух, или за 850 смртни случаи годишно помалку.
Четинари и брестови се добри за оваа намена, но и дабово дрво.
Но, многу е важмно каде ги садиме дрвјата. Покрај патиштата најдобро е да има дрвја од страна, и така се стопира загадувањето да не оди подалеку.