Живот

Деца испратија порака против глобалното затоплување од алпите со најголемата разгледница на светот

Деца од цел свет изразија загриженост поради глобалното затоплување така што направија најголема разгледница во светот, на глечер на швајцарските Алпи.

Повеќе од 125.000 разгледници со рачно напишани пораки за надеж и посветеност на децата во целиот свет, постевани се на глечерот Алеч на Алпите, што е една од најголемите разгледници, голема како половина фудбалски терен.

Разгледницата претставува крик за помош од Њу Орлеанс до Хонгконг, од подсахарска Африка до Индија, а во пресрет на конференцијата на ОН за клима идниот месец во Полска.

Швајцарската агенција за развој и соработка и нејзините партнери поставија голема разгледница на врвот на загрозениот глечер Алеч, најдолг и најдлабок на Алпите, за кој се проценува дека ќе исчезне до крајот на векот, ако продолжи сегашното темпо на глобално затоплување.

Организаторите рекле дека разгледниците поставени на висина од 3.400 метри, во близина на познатиот Јунгфраујоха, се со цел да бидат запишани во Гинисовата книга на рекорди како разгледница со најмногу потписници.

Сепак, Гинис соопштил дека овој обид не е регистриран. Сегашниот рекорд е 16.000 разгледници

Тагови

Поврзани вести