Македонија
Денес пуштен во употреба пешачкиот мост на Вардар предвиден во проектот “Скопје 2014”

Од денеска, прооден е пешачкиот мост на реката Вардар кој се изгради без панорамско тркало, предвидено со проектот Скопје 2014. Пешачкиот мост беше предвиден во проектот од 2014 година и е завршен денес.
Со оваа изјава Шилегов ги стави во незгодна позиција градоначалниците во големите светски метрополи како Лондон, Париз, Њу Јорк и Дубаи кои години наназад практично беа во трка кој ќе направи поголемо и поатрактивно панорамско тркало и индиректно ги обвини дека не “штедат” за граѓаните.
Проектот за панорамското тркало беше планиран да се гради за 18 милиони евра, а на изведувачот му се исплатени 10 милиони евра во 2018 година.
„Донесовме одлука да се догради пешачкиот мост. Наместо бараните 7 милиони евра ќе платиме 3,1 милиони евра. Уривањето онака како што е сегашната позиција на мостот заедно со заостанатите плаќања и обврските кон германските партнери кои требало да го градат тркалото би нè чинело 3 милиони евра. Успеавме за истата цена да договориме тој да се догради. Мислам дека оваа варијанта е добра за граѓаните“, изјави градоначалникот Шилегов во април 2018 година.
Доколку се направи проста математика ќе се дојде до заклучок дека се потрошени 13.1 милион евра, а Скопје доби само дел од проектот т.е. само пешачки мост. Инаку деструктивните идеи за уривање на веќе изградени објекти и пекин на изградба на веќе започнати објекти ги чинеа граѓаните многу пари во изминатиот период.