Вести
Која е целта на меѓународниот ден на планетата Земја?
Денес, Меѓународниот ден на планетата Земја се слави низ целиот свет. Традиционално, повеќе од половина милијарда луѓе од различни делови на планетата се вклучени во прославата .
Секоја година, Меѓународниот ден на планетата Земја ги координира активностите на повеќе од 12.000 партнери во 174 земји за заштита на планетата Земја и зачувување на животот на неа. Целта е да се создаде широка граѓанска поддршка за одржливи и ефективни политики за развој на животната средина ширум светот.
За прв пат, Денот на планетата Земја официјално беше прославен на 22 април 1970 година во САД и Канада. Милиони Северно Американци учествуваат во демонстрациите и ги поттикнуваат политичарите, државниците и бизнисмените да ја вградуваат заштитата на животната средина во нивните приоритети. Во 1990 година, празникот беше прогласен за меѓународен. Целта е да се обединат луѓето на планетата во заштитата на животната средина.
Првата прослава на Денот на Земјата се организира од Гејлорд Нелсон – поранешен гувернер и сенатор од Висконсин кој ја крева каузата за заштита на природата, и Денис Хејес – кој настапи како студентски лидер. Во настаните тогаш се мобиизирани повеќе од 20 милиони Американци од сите краеви на земјата. Како резултат на овој настан се оформува моќно движење во заштита на животната средина и се запишани законите за чист воздух и чиста вода на САД. Подоцна повевеќто земји од различни континенти се приклучуваат на оваа иницијатива. Сега во иницијативата се активн 174 земји и 12000 партнери.