Култура
Денеска се одбележува Меѓународниот ден на студентите
Денеска се одбележува Меѓународниот ден на студентите. Меѓународниот ден се одбележува како симбол на борбата за демократско образование и сеќавање на 17 ноември 1939 година, кога нацистите убиле 20 чехословачки студенти што протестирале против окупацијата.
Околу 1.200 студенти тогаш биле одведени во концентрациони логори, при што биле стрелани 9 професори и студенти, а студентските домови и универзитетите биле претворени во касарни.
Младинскиот образовен форум во соработка со Regional Youth Cooperation Office – RYCO и Универзитетско студентско собрание – УКИМ, од 17 до 19 ноември на Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје организираaт тридневен настан по повод Меѓународниот ден на студентите – Регионална станица студентска: Меѓународен ден на студентите.
Станица студентска ќе вклучува три панел дискусии на теми како студентско организирање, интеруниверзитетска соработка и регионална соработка, а паралелно, ќе се организира и саем на студентски и младински организации. Дополнително, ќе се лансира платформата за флексибилна студентска работа – Линкер.
„Регионална Станица студентска“ ќе започне во 10 часот и ќе се одржува на Правниот факултет „Јустинијан Први“. Во програмата се предвидени се три панел дискусии на темите „Ретроспектива на студентското организирање на УКИМ“, „Интеруниверзитетска соработка и студентско организирање“, „Регионална соработка“.
Говорници на првата панел дискусија ќе бидат досегашните претседатели на УСС УКИМ: Борјан Ефтимов, Ева Цветковска, Славчо Темелковски, Александар Николовски.
Воведни обраќања ќе имаат министерката за образование Весна Јаневска, Албер Хани, генерален секретар на Регионална канцеларија за младинска канцеларија – РИКО, Ристо Савески, претседател на Младински образовен форум и Александар Николовски, претседател на Универзитетското студентско собрание на УКИМ.
Во културно-едукативниот центар „Лабораториум“ ќе има целовечерен културен настан за вмрежување и забава лансирана и платформата за Студентска работа – „Линкер“.