Свет

Денеска е Светскиот ден на пчелата

„На Светскиот ден на пчелата ги потврдуваме заложбите за заштита на пчелите и развој на пчеларството. Со Декларацијата која ја потпишавме минатата година се обврзуваме на овие цели, но и на подигање на јавната свест за улогата на пчелите и другите опрашувачи во зголемување на приходите од земјоделство и зачувување на животната средина.“ – напиша Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски по повод Светскиот ден на пчелата – 20 мај.

На младите треба да им им се објасни огромното биолошко значење на пчелите, процесот на опрашување и пчелните производи како медот, прополисот, матичниот млеч, поленот кои изобилуваат со витамини и кои се неопходни особено за младите во развој.  Важноста за зачувување и негување на пчелите е огромна, бидејќи нивните производи не можат да се добијат во фармацевтските лаборатории.

Денес, бројот на пчелни семејства во Македонија е околу 90.000. Неодамнешните студии покажуваат дека нашата македонска автохтона пчела преживува значително подолго од ново-воведените видови во овој регион, без третмани против патогени. .

Тагови

Поврзани вести