Живот

Денеска е првиот ден од пролетта

Овогодинешното доаѓање на пролетта е најрано во последните 124 години

Пролетта за 2020 година официјално дојде во Македонија и воедно во северната хемисфера.

Утринава во 4 часот, 49 минути и 37 секунди се случи пролетната рамноденица со што официјално започна пролетта, ставајќи крај на зимата. Доаѓањето на пролетта секоја година варира помеѓу 19 и 21 март.

Во Северна Америка пристигна уште на 19 март, на пример во Лос Анџелес во 20.49 часот.

Пролетта ќе трае до 20 јуни кога во 22.44 часот ќе настане летниот сонцестој и ќе означи почеток на летото. Вкупно 92 дена, 16 часа и 54 минути ќе трае пролетта.

Поради пандемијата со коронавирусот откажани се традиционалните прослави во Стоунхенџ (Англија) и Чичен Ица (Мексико).

Тагови

Поврзани вести