Македонија
Денеска без струја повеќе локации во Скопје поради зафати во мрежата

Поради планирани интервенции во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија се делови од неколку скопски општини.
Според информациите од ЕВН Македонија, од 08 до 12 часот прекин има во објектите на Техномаркет, Старџим и Кам на булеварот „Босна и Херцеговина“, како и во ВФВ Поликлиниката во општина Бутел.
Во периодот од 09 до 11 часот, без струја се дел од домаќинствата на улицата „Коце Металец“, поточно на потегот меѓу улиците Зеничка и Гемиџиска во општина Гази Баба.
Дополнително, од 09 до 12 часот прекин има и кај дел од корисниците на улицата „Ваташа“ во населбата Драчево, додека од 09 до 15 часот без електрична енергија се и дел од жителите на улицата „101“ во Волково, општина Ѓорче Петров.
Надлежните информираат дека прекините се поради технички зафати и ќе траат до завршување на работите.



