Македонија
Денеска без струја делови од Бутел, Карпош и Ѓорче Петров

Поради планирани интервенции во електродистрибутивната мрежа, денеска делови од Скопје ќе бидат без електрична енергија, информираат од РЦУК Скопје.
Од 07:30 до 14:00 часот прекин има на улиците „Љубо Ивановиќ“, „Никола Петров“ и „Црвени Брегови“ во општина Бутел.
Во периодот од 08:30 до 16:30 часот без струја се дел од корисниците на улиците „Сремски фронт“, „Мечкин Камен“ и „Ѓорче Петров“.
Од 09:00 до 15:00 часот прекин во снабдувањето има во населените места Побожје, Бродец, Танушевци, Брест и Малино, како и кај дел од корисниците на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“, во близина на „Реплек“, во општина Карпош.
Надлежните посочуваат дека прекините се привремени и се должат на технички зафати во мрежата.



