Природа
Дел од ракета, тежок три тони, денес ќе удри во Месечината
Дел од ракета, тежок три тони, денес ќе удри во Месечината, тврдат научници кои овој настан го најавија уште во јануари.

Станува збор за дел на ракета кој кон Месечината се движи со брзина поголема од 9.334 км/час, а ударот се очекува за неколку часа.
Астрономите првично сметаа дека станува збор за дел од ракета на компанијата SpaceX, но потоа преку дополнителна анализа на податоци е утврдено дека сепак станува збор за кинеска ракета. Сепак, Кина ја отфрли таа можност.
Научниците очекуваат дека последиците од ударот на делот од ракетата на лунарната површина да бидат минимални.
Се надеваат дека ќе можат да го проучат кратерот со размер од 10 до 20 метри, како и облакот лунарна прашина што може да подигне по ударот од ракетата.