Свет
Дедо Мраз храни риби во аквариум
Божиќните атракции стануваат сѐ поневообичаени. Најновата ја нуди Саншајн Аквараиум во Токио, Јапонија.
Таму нуркачи облечени како Дедо Мраз ги хранат рибите во огромниот аквариум, полн со 240 тони вода. Во Саншајн Аквариум има околу 1.400 риби кои од своите „келнери-Дедомразовци“ добиваат зеленчук и ракчиња. Едно шоу трае околу 10 минути, а вакви атракции се нудат четирипати дневно.