Забава
Дедо Мраз е од Свети Николе!?
Дедо Мраз е култна божиќна икона пренесувана од генерација на генерација и не постои дете кое не верува во ова божиќно чудо.Полничок и белобрад дедо облечен во црвена облека со голема вреќа подароци на својата санка и со своите ирваси, одел од куќа до куќа и додека децата спиеле, пред божиќното утро им ги оставал подароците под елката, протнувајќи се низ оџакот.
Од каде всушност доаѓа Дедо Мраз?
Децата му се радуваат, а исто така и возрасните.Во светот е познат под многу имиња, но кој е всушност вистинскиот Дедо Мраз? Можеби малкумина знаат ,но Дедо Мраз е псевдоним за Свети Никола. Бил многу великодушен и љубезен човек. Многу често дарувал подароци без да побара нешто за возврат.
Постојат многу верувања од каде доаѓа Дедо Мраз. Во Македонија поточно во Свети Николе постои локална приказна дека Дедо Мраз доаѓа токму од овде. Сето тоа е поткрепено со неверојатното совпаѓање на името на градот со името на Дедо Мраз, кој всушност е Свети Никола.
Локалните жители тврдат дека го виделе Дедо Мраз во близина на фабриката каде се произведува брендот Леона, како ги полни вреќите со вкусни подароци.
Ние малку истражувавме и дојдовме до заклучок дека сите приказни поврзани со Дедо Мраз се слични, па затоа можеме слободно да кажеме дека приказната за македонскиот Дедо Мраз е дека тој доаѓа токму од Свети Николе.
Нашата новинарска екипа не се откажува и ќе продолжи да истражува на ова поле, и ќе ве информира за сите новости што ќе ги дознае….
Следете нѐ деновиве….