Македонија

Дедо мразовци со еколошка акција во Охридското езеро

Нуркачите од нуркачкиот клуб „Акватек“, на креативен и несекојдневен начин, викендов спроведоа подводна еко- акција во Охридското езеро. Членовите на нуркачкиот центар облечени како Дедо Мразовци, од езерото извадија гуми од автомобили и камиони, лименки од пијалоци и пластични шишиња. Изминатава година нуркачите изведоа неколку акции за чистење на езерото. „Охридското езеро и останатите езера и реки се нашето богатство“, изјави нуркачот Даниел Атанасовски кој најави дека и следната година клубот ќе продолжи со ваквите акции.

Тагови

Поврзани вести