ЕКО производи

Девет извори на чиста енергија

Единствено вистинско решение, иако не е ни лесно ни евтино е прифаќањето нс стратегијата на „декарбонизација“ која би ги заменила главните на GHG – производство на фосилни горива, производство на енергија и транспортна индустрија со „чисти“ технологии кои не испуштаат гасови.

Иако многумина ќе речат дека сето тоа е една голема манипулација, факт е дека 2012 година е една од најтоплите од кога се запишуваат температурите.

Влијанието на климатските промени е врз основа на акумулираните гасови со ефект на стаклена градина во воздухот. Тие гасови влијаат на зголемувањето на температурата на земјината површина, океаните и атмосферата. Сите се согласни дека емисиите на гасови би требало да се намалат, но направени се само долгорочни планови, а нивото на гасови веќе е високо.

Најголемиот член на ова друштво на стакленички гасови е јаглеродот. До 2050 година, кога се очекуваат ефектите од намалувањето на емисиите, во воздухот ке се испуштат стотина илијарди тони гасови. Од тука единственото вистинско решение, иако не е ни лесно ни евтино е прифаќањето нс стратегијата на „декарбонизација“ која би ги заменила главните на GHG – производство на фосилни горива, производство на енергија и транспортна индустрија со „чисти“ технологии кои не испуштаат гасови.

Дали можеме да дојдеме до тоа? Денеска големи суми на пари се трошат на секакви работи, па дури и на иницијативи за намалување на стакленичките гасови. Еве накратко листа на овие алтернативи:

Фузија – Некои научници тврдат дека до фузија може да се дојде за 20 години, иако многумина не се согласуваат со таа оптимистичка проценка. Оваа технологија е сјајно решение, бидејки не произведува отпад и користи бесплатен деутериум и тритиум кој се извлекуваат од морската вода.

Плазма конвертор – проект за гасификација кој подразбира третман на отпад, дрвја, хартија, пластика и уште многу елементи од кои со плазма технологијата ( на екстремно високи температури) се добива гас.

Енергија на ветар во море – Данска веќе добива 20% од вкупната енергија од ветерници кои се поставени во морските површини.

Енергија на ветар на копно – Инсталираните капацитети за искористување на ветерот во САД во периодот од 1999 до 2011 година се зголемија од 2200 MW на 43000 MW и уште се работи, уште ке се зголемува

Силата на плимата – Кина е веќе лидер во производството на соларни панели и ветерници, а неодамна потпиша партнерство со Холандија за проект за искористување на енергијата од плимата. Тој проект ке има капацитет за генерирање на енергија од 15 000 MW. Соларна енергија – И покрај неуспесите на некои производители да опстанат на пазарот (поради економски а не технолошки причини), воведувањето на соларна технологија е во голем пораст од претходната деценија.

Геотермална енергија – Денес во светот има инсталирано капацитети со мокност од 11000 MW од геотермална енергија. Водечки земји се САД со 3000 MW и Филипини со 2000 MW.

Биогориво на база на алги – Со научната експертиза и политичка волја, биогоривото од алги е зрело за сериозна употреба. Сите биогорива испуштаат гасови но тие се многу почисти и поефтини од фосилните горива.

Ториум и други горива за нуклеарна енергија – Тешко е да се подржи нуклеарна енергија, бидејки после шеесет годни сеуште нема проверен и широко прифатен механизам за скадирање на радиоактивен отпад на долг период.

Ова не е се, но е сосема доволно да се спотивстави на тврдењата дека мораме да останеме зависни од фосилните горива бидејки не постои алтернатива. Клучното прашање не е дали можеме да си дозволиме развој на чисти технологии – туку дали смееме да си дозволиме тоа да не го направиме.

Тагови

Поврзани вести