Македонија
Девет години стои недовршена зградата на ЕСМ на плоштад Македонија
Девет години, зградата на државната компанија Електрани на Македонија (ЕСМ) која до пред две години ја делеше со ЕВН, во строгиот центар на Скопје стои без фасада, како грдотија. Оваа зграда беше еден од најзначајните објекти на модерната архитектура од 1960-тите и 1970-тите години, а сега повеќе личи на разурнат и напуштен објект отколку значајно архитектонско дело и седиште на државна компанија.
Девет години нема ништо довршено, а камо ли започнато со градење. Оваа зграда се наоѓа на плоштад Македонија во центарот на Скопје и државата, каква слика се испраќа со ова за нас и нашата држава е повеќе од јасно, прашањето е дали е ова случајност или намерно.
Само за потсетување, колку се зголемени сметките за струја во последните девет години?
Инаку на центарлниот македонски плоштад постојат повеќе вакви напуштени недовршени објекти кои беа започнати, а недовршени со проектот Скопје 2014.