Македонија
Дебата на тема „Справување со заканите против шумите“
Центарот за европски стратегии „Евротинк“ – Скопје денеска организира јавна дискусија насловена „Справување со заканите против шумите: Институционални капацитети“, која е во рамки на проектот „Вертикално спротивставување на нелегална сеча во Македонија“ кој веќе се спроведува.
Проектот е финансиски поддржан од Канадскиот фонд за локални иницијативи преку Амбасадата на Канада од Белград и претставува надоврзување на претходно спроведениот проект кој ја третираше оваа проблематика.
– Настанот е замислен да биде во форма на дебата, со две панел дискусии кои ќе ги вклучи најзасегнатите релевантни институции поврзани со нелегалната сеча на шумите и шумските пожари. Целта на оваа дискусија е поттикнување на соработка на овие надлежни институции со граѓанското општество во интерес на намалувањето и сузбивањето на штетите од нелегалната сеча и пожарите, информираат од „Евротинк“.