Вести
Дебар се гуши во чад од депонијата
Депонијата на Дебар, која се наоѓа во близина на градот, последните месеци често пати се пали, а граѓаните посебно наутро се гушат во чадот.
Членовите во Советот на Дебар безразлика на нивната политичка припадност, остро реагираа и побараа ЈКП „Страндард“ кое стопанисува со депонијата веднаш да превземе мерки за ставање на депонијата под контрола. Советниците упатија и остри критики кон инспекторите кои досега немаат превземено никаква законска мерка кон оние кои ја опожаруваат депонијата.
Претседателот на Советот, Башким Машкули истакна дека раководството на јавното претпријатие треба под итно да постави чувар со цел депонијата да престане да се пали. Советникот, Екуран Дука побара превземање на мерки за да се запре палењето на депонијата, којашто со својот чад носи опасности по здравјето на луѓето. Неговиот колега, Азем Фејзоски рече дека дополнителен проблем е и собирањето на сметот во селските населби којшто не се собира од страна на јавното препријатие.
Советниците оценија дека населението бара решавање на проблемот и санација на депонијата.
Претсавникот на ЈКП „Стандард“, одговорен во единицата за јавна хигиена, Омер Цами објасни на седницата на Советот дека раководството прави се да го собира сметот навреме , но проблемот со депонијата е отворен бидејќи, како што рече, претпријатието нема средства за обезбедување на санација на депонијата, но и специјални возила за уредување на депонијата и гасењето на палењето на сметот во депонијата.
Денеска наутро Дебар повторно беше покриен од чадот на депонијата, кој според задраствените работници има канцерогени материи.