Свет
Двајца загинати и тројца повредени во експлозија на бомба во Цетиње
Според неофицијални информации, што ги пренесува „Вјести“, двете жртви биле членови на некојси криминален шкаљарски клан

Две лица се загинати, а тројца се повредени при експлозија на експлозивна направа во близина на спортскиот центар во црногорскиот град Цетиње.
Експлозијата се случила утринава околу 9:10 часот, пренесуваат црногорските медиуми.
Според извори од Полициската управа, едно од лицата починало на самото место, додека другото им подлегнало на повредите подоцна.
Според неофицијални информации, што ги пренесува „Вјести“, двете жртви наводно биле членови на некојси криминален шкаљарски клан.